Месецот Јуни беше резервиран за учество на меѓународниот турнир Вујадин Бошков Куп. ФК Карев учествуваше со четири генерации и забележавме одлични игри, многу голови, нови пријателства и отворени врати за во иднина…

На покана на екипата на Скнендербеу од Корча Р. Албанија одигравме пријателски турнир во кој учествуваше екипата на Скендербеу и уште два локални клуба. Ние отпатувавме во најсилен состав со две генерации 2010 и 2011 генерација и се покажавме во одлично светло. Контактите што ги остваривме со пријателите од Албанија се од непроценливо значење и ќе имаме понатамошна соработка.