За Нас

Биографија на Клубот ФК Карев – Скопје 

Првиот тренинг се одржа во септември 2015 година. На тренинг се појавија неколку деца, сеуште членови на нашата највозрасна група – Генерација: 2007 година. По неколку месеци бројката се зголемуваше, па успеавме да направиме бројка од деца со желба да се напреварува со нивни врсници. Веќе наредната година се пријавивме и во Детската лига, организирана од Фудбалската Федерација на Македонија. Тогаш се пријавивме под капата на фудбалската школа „Фаст“ со тогашните наши зелено црни дресови. Нашите момци даваа се од себе, тренираа, се натпреваруваа, растевме заедно, но таа година не можеме да се пофалиме со некој добри резултати. Но не се откажувавме затоа што знаевме дека најважно од се е да тренираме правилно и да напредуваме, а резултатите кога тогаш ќе дојдат. Наредната година 2016 пријавивме уште една генерација – 2009 година родени деца, исто така по името „Фаст“.

На 30.08.2018  година го оформивме нашето фудбалско здружение ФК Карев, добивме дозвола од Агенцијата за млади и спорт за вршење дејност спорт. Оваа натпреварувачка 2018/2019 сезона за прв пат се пријавивме под нашето вистинско име ФК Карев, со светло сино – бели дресови и нашето лого на градите. Оваа година гордо не претставуваат нашите генерации од 2007, 2009, 2010, 2011, 2012 и 2013 година, бележејќи успеси на национален и меѓународен план.

Денес нашиот клуб брои околу стотина дечиња на возраст од 4 до 12 години, распоредени во 6 работни групи со кои работат 4 тренери:  Петар Мишевски, Велимир Новески, Филип Арсовски и Гордан Домазетов. Нашите тренери поседуваат соодветни фудбалски лиценци: УЕФА А лиценца, УЕФА Б лиценца и Национална Ц лиценца и понатаму се надградуваат со лиценци, семинари и обуки за фудбалски тренери.

Позначајни успеси

  • Успешно организиран летен камп во Струга;
  • Освоено трето, односно четврто место на меѓународниот турнир во Дупница 2018 – Р.Бугарија со генерациите 2009 и 2010 година;
  • Освоени неколку медаљи на новогодишниот турнир во Мондано со генерациите 2009, 2010, 2011, 2012 и најмалите 2013 година родени деца;
  • Успешно учество во Детската лига организирана од Фудбалската Федерација на Македонија со пет генерации и освоено четврто место на ниво на Македонија со 2011 генерација.
  • Успешно претставување на нашата земја и клуб на Меѓународниот турнир Пирин Куп – Сандански 2019 година со три генерации и пласман во полуфиналето со нашата најмлада генерација.
  • Освоено прво место на пријателскиот турнир во Р. Албанија во организација на екипата на Скендербеу.
  • Освоено второ место на Меѓународниот турнир Пирин Куп – Сандански 2021 со 2010 година родени деца

Comments are closed.